Родена е на 6 јуни 1991 година во Тирана, а во моментов живее во италијанската престолнина на модата, Милано.

Армина посетила многу земи вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јужна Африка и Шпанија, а југот на Франција е нејзината омилена дестинација во текот на летувањето.

Дваесет и шестгодишната Албанка успешно дипломирала филозофија, а себе си се опишува како уметничка душа и личност со добра смисла за хумор. Исто така, смета дека е забавна, искрена и верна и амбициозна во работата со која се занимава.

Кариерата ја започнала како ТВ водителка и уредничка на моден магазин, а после тоа отворила своја продавница во која продава производи од различни брендови. Исто така, води и блог во кој пишува за модата.

Армина истакнува дека три пати неделно практикува аеробик. Кога станува збор за исхраната, таа признава дека јаде баш се, но се труди нездравата храна да не биде секојдневие.

Армина е висока 168 сантиметри и тешка 56 килограми.

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 10:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар