Насловот на изложбата е „Мироносното цвеќе на пријателството“ со подарени слики на секој што добил од овој познат хуманист и сликар во изминатите години.

Инаку, оваа манифестација е во организација на Лионс дистрикт 132 Македонија, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.

На настанот ќе земат учество три хора, „Серенада“, „Смирна“ и „Вања Лазарова“. Авторот ќе подари 101 слика на присутни на настанот кои досега не добиле слика – цвеќе.

По повод јубилејот 100 години лајонизам во светот, Цветин ќе изложи една своја слика долга 101 метар.

Се очекува на овој настан да присуствуваат гости од Скопје и другите делови на Република Македонија.

Инаку, Поповски во Скопје има подарено над 15.000 слики и поради тоа неговите очекувања се дека ќе дојдат голем број од нив да се дружат заедно, да споделуваат приказни како, кој и зошто ја добил сликата и да ја шират пораката за мир, за пријателство, за разбирање, соживот, љубов...

Поповски досега има подарено над 50.000 слики во целиот свет (на поети на Струшките вечери на поезијата, на музичари, државници, крводарители, напредни земјоделски производители, како и на луѓе кои шират позитивна енергија во местото на живеење и во институциите каде работат).

Неговите цвеќиња се наоѓаат и на доплатни поштенски марки, на разгледници, календари, насловни страници на книги поезија и слично. Досега има организирано над 300 изложби во земјата и странство (Србија, Хрватска, Шведска, Полска, Германија, Италија, САД, Канада, Романија и во други држави) ширејќи го македонското цвеќе на мирот на сите меридијани. 

Датум на објава: сабота, 25 ноември 2017 во 10:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар