Завршени  се речиси 85% од болницата , останаа уште операционите сали, но изградбата стагнира веќе осум месеци.

Причина според директорот на болницата  е неможноста да се дислоцираат операционите сали, без кои болницата не може да ги опслужи потребите на пациентите од  регионот. Воедно  во договорот од 2015 година затекнати биле  низа пропусти.

Не постои ниту еден официјален  документ дека ќе се соединуваат  коснозглобна и кардиолошкиот институт, како што беше предвидено во проектот.
-Треба да се завршат операционите сали каде што се предвидени 5 операциони сали меѓутоа за тој зафат потребно е да изврши прво рушење на постоечките сали што подразбира дека во тој случај ние не би можеле да функционираме  да ја работиме нашата хируршка активност и не е јасна намената на тој простор,  вели Ацо Велески директор на коснозглобна.

Изведувачот  вели  со месеци чека одговор од министерство за здравство. Минатиот министер Таравари, дал налог да се дислоцираат салите за да продолжи реконструкцијата, но потоа заменик министерот  дал спротивен налог.

-Јас да ви кажам сум  многу загрижен и не знам што да преземеме ние имаме инсталација водоводна и машинство и електрика имаме опрема поставено и овој прекин немам инструкции никакви од законодавецот. Доаѓа зима ниски температури и може да се случи  голема катастрофа, вели Ѓорги Угриноски  изведувач.

Според проектот Охрид во јуни годинава  требаше да добие најсовремен медицински центар  спој на двете реномирани болници за  ортопедија и трауматологија и кардиоваскуларни заболувања.

Инвестиција вредна  3, 5 милиони евра пари обезбедени преку министерството за здравство  од Европската банка. Со застојот трпи градот и бројните пациенти, кои две години се лекуваат во вонредни услови.


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:57
Соња Рилковска
Обновено во: 15:08

коментари

остави коментар