Ерик Сторм, туристички водич во националниот парк Хавајски вулкани, успеал со својата GoPro камера да сними директна средба со лава.

Иако често може да се слушне дека GoPro камерите се практично неуништливи, малку кој знаел дека можат да издржат толку високи температури.

Откако лавата се смирила и почнала да се лади, Ерик се обидел да дојде тоа тоа што останало од неговата камера.

„Ја извлеков со геолошки чекич, мислев дека целосно е уништена“ – изјави за Пет Пексел.

Но камерата не само што преживеала, туку успеала да сними се и да ја зачува мемориската картичка.

„И понатаму работи, иако не толку добро како порано. Навистина е неверојатно што уште е функционална“ – изјавил Ерик.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 17:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар