Тројцата милијардери заедно имаат вкупно 248,5 милијарди долари, што ја надминува збирната вредност на имотите на околу 63 милиони американски домаќинства, се наведува во студијата која ја изработи американскиот институт за политички студии.

„Толку пари концентрирани во толку мала рака, додека голем број луѓе се мачат, тоа не е само лоша економија, туку и морална криза“ се наведува во студијата.

Кога би се собрале вредностите на имотите на околу 400 најбогати луѓе во САД, ќе се добие богатство од 3,68 милијарди долари, што е повеќе од бруто домашниот производ на Велика Британија, Франција или Индија, се наведува во студијата на основа на листата на Форбс со 400 најбогати, како и прегледот на потрошувачките финансии на федералните резерви за минатата година.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 13:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:27

коментари

остави коментар