На дневен ред е Извештајот за поднесените приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година, по листите на кандидат за градоначалници на општините, одржан на 29 октомври 2017 година, со предлог – заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година за соодветните општини.
Според ДИК, поднесени се стотина приговори за вториот круг од локалните избори. Во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.  Одлуките на Управниот суд се конечни.

Датум на објава: среда, 01 ноември 2017 во 16:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар