Владимир Кожин за руските медиуми изјави дека во тек се преговори и координација меѓу Москва и Ријад.

Медиумите пренесуваат дека Саудиска Арабија би можела да купи четири или повеќе ПВО системи С-400 “Триумф“.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Пеков, на 9 октомври изјави дека договорот за снабдување на Саудиска Арабија со системите С-400 има многу добри изгледи.

Противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ претставува многу прецизен систем за одбрана од стратешка и тактичка авијација, балистички ракети, како и хиперсонични објекти, пренесе „Спутник“.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 09:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар