Не може нашите специјалци и спасувачи бесконечно долго да ги држиме во Порто Рико , а инфраструктурата беше очајна и пред ураганот , напиша Трамп .
Федералната помош не може да продолжи "засекогаш", напиша Трамп и ги обвини властите на Порто Рико за "тотален недостаток на одговорност", додавајќи дека "електричната и целосната инфраструктура била катастрофа пред ураганите ". Над 90 проценти од 3,4 милиони жители, американски државјани , се уште се без струја.  Конгресот би требал да одобри пакет помош вреден 36,5 милијарди долари не само за Порто Рико, туку и за Флорида, Тексас и Вирџинските острови во САД, како и за Калифорнија, која страдаше  од пожари.

Градоначалникот на главниот град на Порто Рико , Сан Хуан, изјави дека твитовите  на Трамп го истакнуваат неговиот "очај" и "несоодветноста" на неговиот одговор за справување со последиците од ураганите.

"Не е тоа што не го добивате", додаде Кармен Јулин Круз, "тоа е дека не сте способни за емпатија и искрено едноставно не можете да ја завршите работата".

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави  дека  Трамп работи со гувернерот и Конгресот на Порторико за да "го идентификува најдобриот фискален план за иднината ".

Последните твитови на Американскиот претседател доаѓаат една недела откако  потпретседателот  Пенс вети дека администрацијата ќе биде со  Порторико .

Во невремето загинаа  најмалку 45 лица , додека по повеќе од 100 се уште се трага .

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 21:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар