- Ги повикуваме политичките  лидери и членовите на партиите  да ги спроведат изборите без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности  пред, за време на и по изборите.  Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како ДИК, како и граѓанското општество  да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување  демократски, слободни  и фер избори, вели евроамбасадорот Жбогар.

Тој, воедно, додава дека е важен секој глас.

- И на крајот секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето  демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 18:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар