Прво беше дека членот воопшто не навлегува во постапката за следење на комуникациите, а сега велат дека владиното мислење е за да не се прави двојна работа, бидејќи и ова прашање ќе биде решено во сетот реформи на безбедносните служби.

-Мислењето од последната владина седница е во насока да не се прави двојна работа, односно да нема парцијални решенија се додека не го имаме конкретното специфично реформско системско решение кое што ќе ни осигура на сите нам како држава дека злоупотребите на системот нема да се случуваат.

Владиниот портпарол Бошњаковски најавува дека за неполн месец, по локалните избори, новите законски решенија во безбедносниот систем ќе бидат готови и за нив ќе се отвори јавна дебата. Целта, вели, е да се понуди системско решение кое ќе гарантира дека нема да се случуваат злоупотреби на системот.
-Сакаме да обезбедиме сигурност за граѓаните на Република Македонија дека никој и никогаш  без разлика кој и да е  на власт нема да помисли да ги злоупотребува службите за безбедност на оваа држава- изјави денеска  владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Насоките за законите веќе се содржани во препораките на експертот на ЕУ, Прибе. Истражувачот во Центарот за европски статегии, Евротинк, Александар Колекески, е уверен дека тие ќе бидат земени во предвид – вклучително и укинување или измена на спорниот член 175, бидејќи токму тој овозожува УБК да ги пресретнува комуникации без јасна судска контрола.


Колекески вели дека нивните истражувања покажуват дека повеќе од 50 проценти од македонските граѓани веќе со години се уверени дека тајните служби ги прислушуваат комункациите на луѓето што ги сметаат за противници. Бошњаковски пак, уверува дека во  овие неколку месеци од промената на власта со сигурност не се прислушува без налог. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:23
Гоце Михајлоски
Обновено во: 15:06

коментари

остави коментар