- Владата на Република Македонија посветува големо внимание на странските и на домашните инвестиции, затоа што на тој начин може да се придонесе за нови и подобро платени работни места, за квалитетен живот на граѓаните, што е примарна цел на новата Влада. Затоа се отвораме целосно за продлабочување на економската соработка и за поврзување на бизнис заедниците од двете држави, кои убеден сум дека ќе најдат мотив за соработка, што ќе донесе добро и за нашите граѓани и за нашите држави, истакнал Заев.

На средбата се разговарало и за поконкретни активности на соработка во областа на енергетиката и на третманот со отпад.
Премиерот Заев посочил и дека Владата е силно посветена да обезбеди чиста животна средина за граѓаните и развој на квалитетно земјоделство, за што е потребно решавање на проблемот со депониите, како и обезбедување електрична енергија преку фотоволтаици што овозможуват употреба на природни извори на енергија како што е сонцето, а со тоа и заштеди во семејните буџети.

- Целосно сме фокусирани на вториот дел од реформскиот План 3-6-9 на Владата, бидејки првиот дел успешно е заокружен. Следуваат реформи во клучни области, со цел независно правосудство, медиуми, обезбедување независни државни институции. Водиме инклузивни политики во овој процес, а ги продлабочивме и пријателските односи со соседите. Сето тоа придонесува кон подобар живот на граѓаните во Македонија и ги отвора вратите на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, што се наши стратешки цели. Евро-атлантските перспективи дополнително ќе значат охрабрување за инвестициската клима, но и стабилност на Македонија и на регионот, истакнал Заев.

На средбата било договорено да продолжат контактите меѓу двете држави и со средби на официјално, владино ниво, со цел реализација на утврдените можности за соработка.

Промените што се случија во Република Македонија, амбасадорот на Казахстан Рустемов на средбата со премиерот Заев ги оценил како „голем чекор напред“. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 13:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар