Најмладата пациентка со рак на дојката е 8 годишната Криси Тарнер . Докторите морале да извршат мастектомија на десната дојка , а по две години сега 10 – годишната Криси избира како ќе изгледа нејзината дојка кога ќе порасне. Болеста почнала исто како и кај возрасните . Најмладата пациентка со рак на дојка напипала топче , по што докторите утврдиле дека има рак .

И мајка и и татко и ја имаат оваа болест, мајката на грлото на матката , а таткото на лимфните јазли .

Девојчето било подвргнато на операции и зрачења. Третманите траеле осум месеци , по што девојчето закрепнало .

Сега редовно оди на контрола , а докторите веќе се подготвени за да и вградат инплант .

Нејзините родители се надеваат дека Криси ќе остане позитивна и за време на пубертетот , што ќе треба да го помине потешко отколку другите врснички .

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 20:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар