Специфичните правила и висинана на казната се разликуваат од една до друга италијанска регија, наведува националната туристичка заедница.
Владата на Сардинија на пример неодамна го прошири законот за забрана на изнесување на песок, дури и во многу мали количини, како и изнесување на каменчиња, кварц и школки.

Според законот воведен летово, секој кој „ќе земе задржи или продава мали количини на песок, кварц, школки  без дозвола“ ќе се соочи со казна од 500 до 3000 евра.

Овој закон е воведен поради  фактот што песок во големи количини се изнесувал од плажите.

За три месеци во 2015 година на аеродромите Елмас, Алгеро и Олбиа цариниците задржале и откриле околу пет тони песок?!

Датум на објава: недела, 08 октомври 2017 во 21:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар