Сепак, оваа убава русокоса смета дека не е дорасната на очекувањата на публиката.

И покрај тоа што улогата на атрактивната русокоса и донесе неверојатна слава и пробив во Холивуд, Марго Роби смета дека не била доволно секси за неа.

„Ме ужаснува помислата дека луѓето, кога ќе ме видат на филм, ќе помислат ’Фуј“ Воопшто не изгледа толку убаво’. А јас сум болно свесна за речениците во сценариото во кое се наведува дека Наоми е “најжешката русокоса на светот“, изјави 27 годишната актерка.

Марго Роби сега ја толкува улогата на американската лизгачка на мраз, Тонје Хардинг во филмот „I, Tonya“ на режисерот Грег Гилеспи и изјави дека таа улога ја радува многу повеќе.

„Што полошо изгледам, луѓето на филмскиот сет се посреќни“, објасни таа.

Ѕвездата на филмот „Suicide Squad”, призна дека било крајно фрустрирачки да се носи со холивудската опседнатост со изгледот.

„Се е тоа читање на текст, сите часови на глума, целиот напор и труд, и потоа некој ќе напише рецензија или ќе ве интервјуира, и единствено за што се збори е естетиката“ – изјави Марго Роби за „Wonderland”.

„А вие во себе ќе помислите ’Е*и се’. Тотално ја дискредитираше мојата работа, а тоа не е фер“ – заклучи таа.

Датум на објава: петок, 29 септември 2017 во 13:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар