Бидејќи и самиот доаѓа од една од тие територии, почувствува потреба да рече нешто давајќи го сопствениот пример.

„Израснав во Кентаки. Продавав осигурување од врата до врата, продавав женски чевли, работев во продавница за алкохолни пијалаци. Купував толку големи и долги одела што морав да ги кратам панталоните и од нив да правам вратоврска за да можам да одам на разговори за работа. Израснав сфаќајќи како е да се нема здравствено осигурување осум години“ – изјави Клуни.

„Таа идеја дека припаѓам на некаква “елита“ во Холивуд е смешна“ – додаде тој.

Тој исто така додаде и дека луѓето кој доаѓаат во Холивуд се првенствено од Средниот запад со цел да започнат кариера и од себе да направат позната личност.

„Тој живее во златна кула и има 20 луѓе во својата компанија. Тој не води корпорација во која се вработени илјадници луѓе и се грижи за нив. Кога чув за “холивудската елита“ се насмеав. Холивудска елита? Јас дури ни своја ѕвезда немам на Булеварот на славните, а тој има! Е*и се! – изјави Клуни, упатувајќи пцовка до Трамп.

Датум на објава: четврток, 28 септември 2017 во 14:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар