Ако се прашувате на што? Одговорот е краток на домашните миленици, масажи и облека.

Според финансискиот извештај  кој го поседува таблоидот  „ТМЗ“ , Бритни најголем дел од средствата ги троши на масажи, маникир, педикир за што минатата година платила точно 122 613 долари. На облека популарната пејачка потрошила 69668 долари а на фризура и мејк ап  24 392 долари.

Кучињата на Бритни може да се каже дека живеат како вистински „кралеви“ во 2016 година пејачката за нив потрошила 29582 долари.
Инаку, интересно Бритни за шопинг и купување на намирници ретко кога трошела повеќе од 100 долари.

На крајот на годината целокупниот имот на Бритни е проценет на околу 56 милиони  долари, што е за 5 милиони долари повеќе во споредба со 2015 година.  

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 12:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар