По отказот што го доби нејзиниот претходник , Ентони Скарамучи , Хикс 10 дена беше на позиција вршител на должноста .

Претходно таа беше на позицијата постар советник за комуникации на претседателот Трамп . Важи за многу блиска до претседателот на САД , како една од првите помошници во неговата кампања.

28- годишната девојка , како директор на стратешки комуникации и помошник на претседателот е меѓу 19- те најмногу платени во Белата Куќа.

Ќе заработува 179 700 долари годишно , што ја позиционира меѓу шесте најмногу платени жени во Белата Куќа. 

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 19:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар