Во пресрет на одбележувањето на годишнината од терористичкиот напад , најголем во историјата на САД , весникот објавува дека има докази во се уште отворената истрага . Доказите биле предадени како дел од тужбата против Саудиска Арабија .

Во неа се наведува дека амбасадата на оваа земја им платила на двајца Саудиски државјани да летаат од Феникс до Вашингтон , како дел од пробниот лет на две години пред да се случи трагедијата .  Билетите за летот биле платени од Саудиската амбасада во Вашингтон . 

Саудиска Арабија ги негира ваквите наводи . Меѓутоа адвокатите на жртвите тврдат дека доказите покажуваат ,,која е причината , финансиската и оперативната поддршка” . 

Адвокатот пак , кој  застапува две Саудиски добротворни организации , кои се обвинети заедно со Саудиска Арабија тврди дека доказот заедно со материјалот е полн со алузии и индиции .

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 21:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар