Вера Милошевска од Љубојна порача дека музиката е таа којашто имала главен акцент на културниот мозаик на Македонија и дека е среќна што со настап ќе може да им го честита празникот на сите Македонци.

Со рок концертот со кој ќе се одбележи празникот, според, Влатко Стефановски, се зборува за нов дух кој се чуствува во моментов во Македоноија. Тој потсети дека и пред 26 години кога се прогласи независноста на Македонија имал настап на бината на плоштадот.

Централната прослава ќе се одржи утре, а домаќин е Владата на Република Македонија пред чие плато ќе бидат поставени интерактивни уметнички инсталации.
На платото пред Владата ќе биде изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“,  а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ ќе изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост.

Настап ќе имаат и Гудачкиот квартет - ВИВА стинг, Хорот при Македонската Опера и Балет, Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.  

Во рамки на централната прослава предвидено е да се обрати и претседателот на македонската Влада, Зоран Заев. 


Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 13:06
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:44

коментари

остави коментар