Струмичкиот плоштад синоќа преполн со посетители од цела Македонија.Последните три вечери од ,,СОФ,,на  големата сцена резервирани за големи балкански ѕвезди.10 дена фестивалот понуди содржини од различен карактер а посетителите синоќа меѓу останатите  уживаа во легендарните -Галија кои и по долгогодишното опстојување  и најмладата популација со интерес за нивната музика.

Атмосферата дополнително ја кренаа и Жељко Бебек,Јелана Томашевиќ,Сергеј Четкович ,но исветски познатите , но сепак наши- браќата Тавитјан.Некои од нив за прв пат во Струмица но заминуваат  со позитивни вибрации со надеж дека повторно ќе бидат дел од големиот фестивал на градот под Царевите Кули.


Последната вечер од СОФ в недела сепак ќе биде резервирана за легендарниот Дино Мерлин, а од организациониот одбор сметаат дека се очекува и најголем број посетители.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 15:11
Стојне Митева
Обновено во: 15:19

коментари

остави коментар