Обвинителството соопшти дека станува збор за директори на фармите, кои иако не предизвикале труење кај луѓето , сепак го загрозиле јавното здравје .  Холандската и белгиската полиција спроведуваат заедничка акција против лицата кои користеле забранет инсектицид во живинарските фарми.

Во меѓувреме , Британските власти соопштија дека бројот на увезени јајца од Холандија не бил мал како што првично беше објавено . Досега се откриени 700 000 јајца во продажба со потекло од холандските фарми каде се употребувал фипронилот.

Француската влада пак , соопшти дека во две фабрики за преработка на храна биле најдени 13 товари со јајца од Холандија , третирани со фипронил.

Милиони јајца беа уништени и во Франција , Швајцарија , Германија , Белгија и во уште неколку земји , членки на ЕУ.

Фипронилот е инсектицид што се користел за уништување на паразити кај пилињата , иако е забранет да се користи кај животни наменети за исхрана .

Инсектицидот кај луѓето може да предизвика нарушувања во работата на црниот дроб, бубрезите и тироидната жлезда.


Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 16:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар