Иако би очекувале да је полн со мистични објекти, новите истражувања покажуваат дека во нашата галаксија постојат околу 100 милиони црни дупки!

„Успеавме да пресметаме колку црн дупки би требало да постојат, а бројот се заврши во милиони, повеќе отколку што очекувавме“ – изјави Џејмс Булок, професор по физика и астрономија на Универзитетот Калифорнија.

Булок изјави дека деструктивните предмети во вселената станале се почеста појава, а гравитационите бранови кои настануваат со судирање на црните дупки ги поттикнале да го утврдат нивниот точен број.

„Откривањето на гравитационите бранови е голема работа. Но тогаш детално погледнавме како изгледа спојувањето на две огромни две црни дупки. Токму тоа не поттикна да истражиме колку се чести црните дупки со овие големини и што се случува во случај на нивно спојување“ – изјави тој.

Повеќето црни дупки настануваат како резултат на колапс на ѕвезда која го завршила својот живот. 

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 16:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар