Но, воедно тоа е едно од најнепристапните места на светот.

Нејзиниот врв на височина од 6.638 метри никогаш не бил освоен. Планината има пирамидален облик и речиси е невозможно да и се пристапи, а обидите се и забранети затоа што верниците од четири религии го сметаат врвот за најсвето место.

Според Хиндусите, на врвот живее богот Шива, заедно со неговата сопруга Парвати и се во состојба на постојана медитација.

Освен Хиндусите, ова место е свето за Будистите, како и за Јаинистите и припадниците на тибетската религија Bön.

Со илјадници години припадниците на овие религии одат во свет поход околу планината, круг што изнесува 52 километри, за добра среќа.

Но, оваа прошетка на места е по стрмни и високи делови, па има можност од висинска болест.

На санскрит називот на оваа планина е Каилаш, а се смета дека доаѓа од зборот келаса, што значи кристал.

Тибетското име е Гангс Рин-по-че.

Гангс е тибетски збор што значи снежен врв, а ринпоче е ценет, па може да се преведе како ценет снежен дијамант.

Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 12:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар