Тоа е мотото на група граѓани кои даваат напори да ги убедат фановите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид да се сместат во Скопје. 

  Вртоглавите цени за сместување  во екот на  Супер купот инспирираше неколку млади да се стават во акција, за како што велат, обелување на образот на Скопје.

-Oд ден ипол имаме скоро две илјади споделување, повеќе од 20 објави и дознавме 8 побарувања од фанови, истакна Анита Кирковска.

Бесплатните сместувања за фановите можете да ги понудите на Интернет. Анита објаснува, целта е што повеќе граѓани да ги отворат домовите за гостите.
Лавина рекации стасаа откако хотелиерите и издавачите на апратмани енормно ги покачија цените на услугите. Апел да не се злоупотреби одржувањето на Супер купот, стигна од сите страни. Сепак, понудите за двајца за две ноќи сеуште достигнуваат до 5.000 евра. 

Инаку од Фудбалската Федерација за Канал 5 потврдија дека тимот инспектори од УЕФА на финалната инспекција не констатирале сериозни препреки кои би го довеле во прашање одржувањето на фудбалскиот спектакл.



Датум на објава: вторник, 25 јули 2017 во 18:32
Катерина Капкоска
Обновено во: 19:53

коментари

остави коментар