Сајтот „TMZ” пишува дека смртта настапила со бесење и дека полицијата го нашла неговото тело во девет часот изутрина по локално време.

Пејачот има шест деца од двата брака. Во бракот со манекенката Талинда Ен Бентли беше 12 години. Бенингтон со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол во различни период од својот живот. Во едно интервју призна дека размислувал за самоубиство, бидејќи тешко се носел со траумите кои ги носел од детството кога бил злоставуван од постар маж.

Ќестер беше близок со Крис Корнел, кој денеска би го славел својот 53 роденден. Тој исто така изврши самоубиство во мај оваа година. Бенингтон тогаш му упати отворено писмо:

„Минатата ноќ ги сонував Битлси. Се пробудив со „Rocky Raccoon” во мислите, а жена ми загрижено ме гледаше. Му рече дека мојот пријател умрел. Мислата на тебе ми го преплави умот и заплакав. Уште плачам, од тафа, но и благодарност што поделив некои посебни момент со тебе и твоето прекрасно семејство. Ме инспирираше на многу начини за кои не си ни свесен. Твојот талент беше чист и без конкуренција. Твојот глас беше уживање и болка, гнев и опростување, љубов и страдање – се во едно. Претпоставуваме дека тоа е она што сме сите ние. Ми помогна да сфатам. Само што гледав видео во кое ја пееш „A Day In The Life” од Битлси и се сетив на својот сон. Сакам да мислам дека се опрости на свој начин. Не можам да го замислам светот без тебе во него. СЕ молам да најдеш мир во следниот живот. Им испраќам љубов на твојата жена и деца, пријателите и семејството. Ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од твојот живот“ 



Последниот албум на бендот Линкин Парк „One More Light” се најде на врвот на Билборд листата на најдобрите 200 на почетокот на оваа година и бендот се припремаше за турнеја која требаше да започне на крајот на јули.


Датум на објава: четврток, 20 јули 2017 во 21:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар