Три поранешни члена од тимот на пејачот изјавиле дека R Kelly ги “контролирал“ жртвите.

„Кели е мајстор за перење мозок...Тој е господар на марионетите“ – изјави еден од нив за „Buzzfeed”.

Родителите на девојките кои го следат Кели на неговите турнеи по САД тврдат дека тој ги држи нив во куќички кои ги изнајмува во сите градови каде престојува, ги тера да го викаат “татичко“, ги снима нивните сексуални односи и физички и вербално ги злоставува кога ќе ги прекршат неговите “правила“.

Асанте Мекги, порано блиска до пејачот, тврди дека Кели моментално со себе води шест жени, чии животи ги контролира во секој аспект.

Им диктира што да јадат, како да се облекуваат, кога да се бањаат, спијат и имаат секс.

Родителите на една девојките се обиделе да стапат во контакт со неа во многу наврати во последните две години,  но оваа 21 годишна девојка упорно ја одбивала нивната помош тврдејќи дека се согласила на таков однос.

Родителите на една друга пејачка која Кели ја запознал кога имала 17 години изјавуваат дека нивната ќерка се преселила во една од куќите на Кели, чим станала полнолетна. Мајката на таа девојка не верува во претходните обвиненија против пејачот кои го теретат за детска порнографија.

„Сакаме да се увериме дека таа е со него поради музиката и дека тој и е ментор“ – изјавила мајката. „Тој сакал таа да патува со него, за да ја види одвнатре музичката индустрија“.

Кели во изминативе десет години два пати е уапсен под сомнение дека имал секс со малолетници, но обвиненија никогаш не биле подигнати. Меѓутоа, бил обвинет дека го снимал својот однос со малолетничка во 2006 година, но две години подоцна е ослободен од сите 14 точки од обвинението.

Со останатите кои го обвинуваа за секс со малолетници и претепување на жени постигнуваше спогодби, а сите скандали имаа мало или никакво влијание на неговата кариера.

Адвокатката Линда Менш која го претставува Кели, за „Buzzfeed” изјави дека пејачот искрено ги сака своите фанови и работи 24 часа дневно, седум дена во неделата и се грижи за сите луѓе во својот живот.

Датум на објава: вторник, 18 јули 2017 во 17:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар