Торони, Порто Куфо и Тристиника, кои се дел од омилените туристички места во Грција на македонските граѓаните се најсилно погодени.

Плажите се целосно уништени, автомобилите под вода и кал.

Љубица Јаневска Ивановска која во моментов се наоѓа во Торони за Канал 5 сведочи за последиците од невремето.

Десетина македонски граѓани се евакуирани од локалните власти. Се обидовме да стапиме во контакт со дел од нив, но поради лошото време тешко беше да се воспостави комуникација.

Сепак голем дел од нив преку социјалните мрежи ги информираа дека се на безбедно.

Од МНР велат дека во конзулатот во Солун е примен повик од еден семејство кео е на летување во Торони, но истите не се наоѓаат во опасна згрозувачка состојба.

Се советуваат македонските граѓани во Грција во случај на потреба да го контактираат конзулатот во Солун на дежурниот телефонски број 00306987200410


Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 18:15
Јулијана Николовска
Обновено во: 09:16

коментари

остави коментар