Шестмина германски готвачи влегоа во Гинисовата книга на рекорди, откако подготвија чизбургер тежок 1.164 килограми.

Необичниот настан се одржа во градот Пилстинг во Баварија, на кој учествуваа четири илјади луѓе, кои на крајот добија дел од џиновскиот сендвич.

Претходниот рекорд беше поставен во САД пред пет години, кога беше подготвен хамбургер тежок 915 килограми.

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 09:30
Гоце Герасимовски
Обновено во: 09:30

коментари

остави коментар