Фестивал за отворен ќе го прогласат градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е покровител на манифестацијата.

- Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот фестивал е домаќин на денес, една од најстарите и најреномирани, културни манифестаци за народниот мелос на овие простори. Низ годините на одржување на фестивалските денови продефилирале илјадници учесници и играорци, Целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе и размена на искуства, дружење на луѓето од Балканските земји и пошироко, вели академскиот сликар Славко Упевче, програмски координатор  на фестивалот.

Покрај  „Танец“, годинава ќе настапат фолклорни ансамбли од Воден, Грција, Трстеник-Србија, Поградец-Албанија, Бугарија, Хрватска, Квинбијан-Австралија и две културно уметнички друштва од Охрид, Пирамида и Отекс.

Во рамки на фестивалот ќе биде отворена и ликовна изложба на дела од 30- тина сликари од колекцијата на Центарот за култура.

Датум на објава: четврток, 06 јули 2017 во 16:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:00

коментари

остави коментар