Лолита Османова, ќерката на енергетскиот тајкун Елдар Османов и Гаспар Авдолиан, синот на милионерот Алберт Авдолиан ја направија венчавката од соништата, за која потрошија фантастични 10 милиони долари.


На елитната венчавка се слушаа виолини, и имаше илјадници букети од цвеќе. Богатата двојка одлучи церемонијата на венчавката да се одржи во холивудскиот „Долби театар“, Домот на Оскарите. Гостите на ексклузивната венчавка ги забавувале светските ѕвезди Леди Гага и Џејмсон Деруло.

Според проценките ма медиумите само за цветните аранжмани на церемонијата биле потрошени 500 000 долари.



Невестата Лолита на свадбената церемонија носела венчаница од екстравагантниот дизајнер Зухаир Мурад.

Инаку новата брачна двојка ќе живее во вила од 13 милиони долари на Беверли Хилс во Холивуд.

Датум на објава: среда, 05 јули 2017 во 09:41
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:44

коментари

остави коментар