- Отворањето на дисперзираните студии минативе години се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15 отсто од вкупниот број студенти што го продолжуваа образованието на високо образовна установа, односно тоа се некаде околу 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секој ден или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето место на живеење или во неговата непосредна околина, рече Кржалоски.

Посочи дека ваквата мерка во изминативе девет години била искористена од над 20.000 граѓани, бројка што сама по себе говори за успехот на овој проект. Оваа мерка, нагласи, им овозможуваше на студентите да заштедат средства по основ на патување, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина.

- Студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно. СДС со оваа антиреформа им ја ускратува можноста на тетовчани и младите од поширокиот регион да студираат на ФИНКИ во нивното населено место. СДС ги оневозможува кавадарчани и младите од југот на државата да студираат на Машинскиот факултет во градот, а тоа се случува и со укинувањето на машинскиот факултет во Струга, рече Кржалоски.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:29
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:31

коментари

остави коментар