Во понеделник на отворена владина седница заедно ќе ги утврдуваат задачите и роковите до кога ќе треба да бидат исполнети реформите.

- Ние се обврзавме дека агресивно ќе ги адресираме идните реформски приоритети. Гледаме прозорец на можност да се фатиме на таа енергија, на таа позитивна клима за да можеме да испорачаме што е можно побрзо и да можеме прво да ја тргнеме оваа условена препорака, а по локалните избори да добиеме чиста препорака без услови за евентуално да добиеме шанса за датум за отпочнување преговори, рече Османи.

Еден ден подоцна во вторник во Македонија пристигнува и експертот Прибе. Оваа  посета  негова  е на инсистирање на Европската комисија, предвидено е од јули , Прибе да заедно  со неговиот тим да започне да го анализираат  и решаваат  правниот систем на државата.

Првиот рок за реформскиот процес кој Брисел и го поставува на Македонија е есен, кога Европската комисија ќе треба да го испорача новиот извештај за земјава.

Македонија се надева дека ќе биде тргната условената препорака.   



Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:17
Ѓорѓи Томиќ
Обновено во: 15:46

коментари

остави коментар