Успешни Македонци во светот

Нашинецот од Австралија Златко Димовски со порака до Канал 5.

Моето име е Златко Димоски, ви пишувам и се надевам дека нашата успешна приказна можеби ке ви биде интересна.

Со моето семејство пред седум години заминавме во Австралија , ние сме спортско карате семејство, бевме многу успешни во Македонија и неколку пати сме биле гости во вашата ТВ ( семеен ручек на Вести и др емисии ). Како карате семејство успеавме да постигниме врвни спортски резултати на два континенти во Европа за македонија и на Океанија за Австралија.

Со мојата сопруга Елизабета Димоска бевме репрезентативци на Македонија а потоа успешни тренери и судии на Светската Карате Федерација .

Нашите керки близнаќки Мишела и Маријана Димоски беа едни од најдобрите и најуспешните каратисти на Македонија, ( две години по ред беа добитници на Спортски оскар за најуспешна шенска екипа во македонскиот спорт 2014 и 2015), освоија многу медали за Македонија на Светски и Европски првенства , К1 Премиер Лиги Балкански првенства.Заради нашите светски резултати на секој од нашето семејство Австралија ни понуди иселеничка виза за врвни достигања во спорт а нашите керки близначки добијаа две годишна олимписка стипендија од АИС- Австралиски Институт за Спорт и се првите во Австралија кои за карате беа спонзорирани од владата на Австралија.

Тие се единствените сестри во историјата на Светската Карате Федерација кои успеаа да се сретнат во финале на Светскиот Куп во Атина 2013 година,каде за Македонија освоија злато (Маријана) и сребро (Мишела) и 2013 беа прво и второ рангирани на Светската ранг листа. Покрај другите медали имаат освоено и сребрен медал од Светско Првенство Индонезија 2015 што е сеуште единствениот сребре медал од официјално Светско првенство за Македонија како и два бронзени медала од Европските првенства во Лисабон-Португалија и Лимасол -Кипар. Заедно имаат освоено 10 медали од Светските Купови за Јуниори и Јуниори У21, 11 медали од Светските К1 Премиер Лиги од кои 6 за Македонија и пет за Австралија,и околу 30 медали од Балканските првенства каде се сретнаа во финале на Балканските првенства во Атина 2010, Дубровник 2015, Херцег Нови 2017, Ларнака 2011...

Јас бев селектор на карате репрезентацијата на Македонија 16 години, и сега веке седум години сум селектор и национален тренер на Австралија, бев и првиот судија од Македонија кој се стекнал со Светска судиска лиценца.Во 2023 на Светското првенство во Будимпешта добив награда сребрена значка од претседателот на Светската Карате Федерација за 20 годишно судење на светските првенства, што е исто така своевиден упсех бидејки сум првиот Македонец кој добил ваква награда). Мојата сопруга Елизабета е првата жена од Македонија која положи за Светски судија во борби и заедно ја претставуваме Македонија на многу Европски и Светски првенства, а исто така од 2017 ја претставувавме Австралија на Светските првенства како судии во Мадрид и Будимпешта како и на Премиер Лигите во Јапонија, Индонезија, Турција, Хрватска, Нов зеланд ..Нашите керки се шест години шампиони на Австралија во сениори и континентални прваци на Океанија .

Имаат 5 медали од Океанија шампионатите. А во 2018 се сретнаа во финале на континенталното првенство во Нов Зеланд. За Австралија имаат освоено две сребра и три бронзи на К1 Премиер Лигите во Дубаи, Салзбург, Шангај, Истанбул...

Мишела освои сребро прво и се уште единствено за Австралија на Светскиот Куп во Умаг 2018 Маријана освои бронза но во 2017 година.

За нив пишуваше и познатиот Сандеј Тајмс. Живееме во Перт каде имаме три наши школи за карате, Ронин Карате . www.ronikarate4u.com.au

Ова е накратко, а во прилог ви испракам фотографии и линкови , доколку сте заинтересирани да ви бидеме гости во некоја од васите емиссии на вашата тв со задоволство би ја разкажале нашата приказна . Ние ке бидеме во Македонија од 14 - 20 Јуни, стои во маилот на Димовски до Канал 5 .

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави денеска дека односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво и дека мирот е единствената вредност за која се залага.

Додик истакна дека ситуацијата во БиХ е катастрофална, пренесе новинска агенција на Република Српска.

Тој рече дека претседавачот со Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, кажува лаги за Република Српска и дека со него не може да се отвори дијалог. /МИА

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

притисни ентер