Речиси 5 дена не се врши откуп ,земјоделците се очајни но сепак се надеваат дека министерството за земјоделство заедно со откупувачите ќе изнајдат решение и се реши горливиот проблем за откуп но и за бербата на краставицата.

Земјоделците кои денес успеавме да ги снимаме , немаат одговори каде е проблемот што не само што не се откупува воопшто краставицата туку и цената на доматот кој е во полн ек на берба , е многу ниска.Велат ги ностат сами по пазарите колку можат  да продадат на мало толку.Да однесат некој денар дома а необраната краставица сигурно ќе изгние по нивите оти не се знае  кога ќе тргне откупот.

И откупувачите во струмичко со прашалници и тие немаат одговор каде закочи откупот.Сметаат дека решението лежи во министерството за земјоделство.Децидни се дека не само што мора да се најдат мерки за извоз и пласман на раноградинаството сметаат дека земјоделскиот инспекторат треба секојдневно да е на терен бидејки не сите откупувачи ги почитуваат неделните откупни цени.

Од монистерството за земјоделство излегоа со соопштение по средбата со земјоделците и откупувачите дека ја следат  состојбите на терен, бербата, откупот  и пласманот на земјоделските производите. Информираат дека ќе бидат превземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и  заштита на домашното производство.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:09
Стојне Митева
Обновено во: 15:41

коментари

остави коментар