Вака претставувајќи се на светската јавност, 57  годишниот Чернетиќ од Торино  речиси десет години живеел во својата бајка каде тој е принц од Црна Гора и  Македонија.. 

Бил толку убедлив што сиве овие години никој не се посомневал дека зад ваква непостоечка титула стои човек кој безочно лаже.  Неговата репутација била толку голема што вистински престиж било тој да биде гостин  на најпопуларните забави низ Европа. 

Принцот тврдел дека е потомок на Црнојевиќ „Принц од Црна Гора и Македонија“.

За него се слушнало дури и до Холивуд, Чернетиќ покажал големо срце па решил  Плебој зајачица Памела Андерсон да ја прогласи за грофица, а нејзините два сина за принцови.

  Памела на оваа титула била толку горда што свое искуство од запознавањето на принцот го прераскажала  во најгледаното шоуто на Елен Де Џенерис.
Неговото безобразие оди дотаму што како принц се среќавал и со свештени лица, бил прифатен од сите кралски семејства. 
Целиот  негов театар било само со една цел  да ужива во луксузот на неговите лажни пријатели..
Но, на неговата бајка и доаѓа крајот кога италијанската полиција го  проверила т автомобил мерцедес на Черенетиќ  на кого имало залепени лажни  дипломатски регистарски таблички.

  Лажниот принц,  италијанската полиција го следела една година. Италијанските карабинери постојно биле во комуникација со амбасадите на Црна Гора и Македонија. 


Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 15:07
Ѓорѓи Томиќ
Обновено во: 15:56

коментари

остави коментар