Филмот е во официјална конкуренција во селекцијата за кратки филмови со уште 18 филмови од целиот свет.

Филмскиот фестивал во Пула е еден од најпрестижните регионални фестивали, а на неговото 64-то издание ќе бидат прикажани стотина филмови во неколку натпреварувачки категории.
Како што информираат продуцентите, пред учеството во Пула, „Борба за смрт“ ќе биде прикажан и на Балкан Филм Фуд фестивал во Поградец, Албанија на почетокот на јули. Во јуни филмот беше прикажан и во Париз на Фестивалот за филмови од југоисточна Европа, СЕЕ филм фест.

Воедно, ова е продолжување на фестивалските успеси од претходната година, кога  „Борба за смрт“ освои две награди, „Златна мачка“ за втор најдобар филм во меѓународна конкуренција на Филмскиот фестивал за краток филм во Измир, Турција и награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција. „Борба за смрт“ досега учествуваше на над дваесет фестивали ширум светот, вклучувајќи голем број фестивали кои се квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди. 

Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на македонска филмска авторка Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ филмс. Улогите ги толкуваат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со Канал 5 телевизија.

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 10:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар