- Фестивалот пред сѐ сака да го прикаже богатството и разновидноста на музичкиот свет и затоа програмата е зачинета со документарни филмови од светот на електронската музика. Па така, покрај Крафтверк, во истата вечер следува и филм за Жан Мишел Жар – „Патешествие низ електронската музика“, соопшти организаторот на фестивалот.

Во наредните денови ќе бидат прикажани филмови за џез и боса нова музиката: „1959 - годината која го промени џезот“ и „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“, потоа за џез-дивите Били Холидеј, Нина Симон, Ела Фицџералд, Пеги Ли, Сара Вон, серијал филмови за класична музика: „Задоволството наречено Моцарт,“ филм за авангардната класична музика на Франк Запа – „Современиот композитор одбива да умре“, проекција на концертниот филм „Дерек Меј и Џијан Емин“...

Фестивалот ќе заврши со портрет на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за Би-Би-Си, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.

Информации за програмата се објавени на веб-страницата на фестивалот www.nomad.com.mk и на Фејсбук страницата.

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 08:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар