- Присутните љубители на фотографска уметност фотографираа во прекрасниот живописен предел на најстариот град на Балканот-градот на кули и мостови .Покрај тоа, младите заинтересирани за фотографија имаа можност да се дружат со повеќе реномирани светски фотографи кои им ги пренесоа своето искуство и знаења од областа, изјави Жаклина Стефановска од фото клуб „Куманово“.

Подоцна беа отворени двете клупски изложби, во Музеј на град Кратово изложбата на Фото кино клуб „Битола“, и во Дом на култура „Лазар Софијанов“, клупска изложба на Фотографска асоцијација „Мерсин Олба“ од Турција.

- Со овие две клупски изложби го заокруживме годинашниот настан, кој првпат траеше три дена и опфати презентација на над 500 фотографии, десетина проекции на фотографии, меѓуклупски и самостојни изложби, предавања од реномирани фотографи и промоција на млади уметници, додаде Стефановска.

На четвртиот Малински фото-фестивал учествуваа етаблирани уметници од Турција, Србија, Полска, Италија, Иран, Киргистан и од Македонија.

Датум на објава: недела, 11 јуни 2017 во 16:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар