Годинава организаторот одлучи Рациниовата муза да биде македонската азбука .

На свеченото отворање ќе бидат доделни наградите за најдобра необјавена збирка љубовна поезија „Антологија на болката“ и за најубавата љубовна твитер порака „Напиши љубов во 140 карактери“.

Жири комисијата одлучи наградата „Антологија на болката “ да ја понесе Митко Апостолов за стихозбирката „ Тело одречено од пливање“ која веќе следниот ден ќе биде промовирана .

Со доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание , Рациновите средби свечено ќе бидат затворени во сабота.

Овогодинешен лауреат е  Ана Стојановска за нејзиното дело „ Јас и Лин одпосле“, додека Почесното Рациново признание постхумно ќе му биде доделено на хрватскиот професор, хуманист и писател Предраг Матвеевиќ.

Датум на објава: петок, 09 јуни 2017 во 14:38
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 14:47

коментари

остави коментар