Сергеј е гостин на манифестацијата „ТАТ ОРТ“ (“Tat Ort” или “Crime scene” во буквален превод значи „Место на злосторството“) што традиционално се одржува во срцето на Франконија – Нирнберг на 48 уметнички точки.

Четириесет и осум поставки што ја отсликуваат моменталната ликовна сцена, ќе бидат отворени за љубителите на уметност во ателјеата на уметниците овој викенд, па посетителите ќе имаат можност да се сретнат и со уметниците.

Сликите од циклусот „Кучиња“ што претходно беа изложени во Москва овој пат ќе бидат поставени во галеријата на сликарката Герлинде Пистнер,
колешка и долгогодишен соработник на Андреевски. Во рамките на манифестацијата, ќе биде одржана и модна ревија на престилки со којашто Пистнер, минатата година, премиерно се претстави во Слоештица, во рамките на јубилејната, 10-та манифестација „Славење на пирејот“.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 09:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар