Екс командантот на ОВК најави дека ако стане премиер нема да се откаже од спротивставувањето на демаркација на границата со Црна Гора, истакнувајќи дека косовската граница е на Чакор и дека тогаш нема да има простор за заедницата на српски општини ниту за Србија , пренесуваат приштинските медиуми.

Од неговото враќање од Франција, Харадинај ја заостри реториката кон властите во Белград. Тој вчера и формално беше промовиран како кандидат за премиер на коалицијата сочинета од три партии пред изборите на 11 јуни.

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 09:20
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар