Тој треба да ги истражи наводните врски меѓу претседателската кампања на Доналд Трамп и руските оперативци. Американските разузнавачки служби веруваат дека Москва се обидела да влијае на изборите во корист на републиканецот.

72-годишниот Милер беше назначен за директор на ФБИ од поранешниот претседател џорџ буш и остана на функцијата 12 години, вклучувајќи добар дел од претседателствувањето на Барак Обама.

Неговото назначување се совпадна со последната афера поврзана со Трамп, кој наводно барал од доскорешниот прв човек на ФБИ, Џејмс Коми да ја прекине истрагата за руското мешање во американските избори.

  

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 09:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар