Специјалците пак, за да ги спречат маскираните лица, употребија мала количина на солзавец. Инцидентите за среќа траеа само неколку минути, по што толпата полека започна да си заминува од просторот пред грчкиот парламент, со што и официјално заврши протестот во рамките на генералниот штрајк.

Вработени, невработени, студенти, пензионери и покрај утринскиот дожд позитивно се одѕваа на повикот на најголемите грчки синдикати и излегоа на мирен протест во центарот на Атина. Демонстрациите беа против новиот пакет мерки за кој трае расправата во парламентот, а кои ќе се гласаат утре на полноќ Новиот закон содржи антикризни мерки во висина од 3.6 до 5 милијарди евра и позитивни мерки од 7.5 милијарди евра за периодот од 2018 до 2021 година.

Откако завчера пратеникот од Златна зора вербално и физички го нападна пратеникот од Неа димократија, парламентот едногласно одлучи пратеничката група на Златна зора да бидат исклучени од расправата, но со можност да се врати во парламентот и утре на полноќ да гласа за мерките. 

Датум на објава: среда, 17 мај 2017 во 13:23
Сања Ристовска
Обновено во: 14:57

коментари

остави коментар