Џек Николсон е едно од најголемите холивудски имиња, со децении ѕвезда на врвот на славата, впечатлив по подигнатите веѓи над наочарите за сонце и специфичната насмевка.


Легендарниот холивудски актер не се појавил на филмското платно од неформалното пензионирање во 2010 година. Се шират гласини дека е можно да игра во римејкот на познатата германска комедија „Тони Едерман“.

Но, како тој влегол во филмската индустрија?

Преку разнесување на пошта во холивудските студија. Првата улога ја добива во Б продукција на 23 годишна возраст, а веќе на 32 години е номиниран за Оскар.

Но, додека сето ова се случувало, Николсон не ја знаел најголемата семејна тајна која ја дознал дури 5 години поодцна - на 37 годишна возраст. Дека жената која ја сметал за своја 18 години постара сетсра му е мајка, а луѓето кои ги сметал за родители му се баба и дедо.

Николсон е вонбрачно дете на 18 годишната танчерка од Њу Џерси. 37 години тајната е скриена од него, а тој нејзините родители ги смета за свои.


Николсон за својата улога во „Летот над кукавичкото гнездо“ во 1975 добива Оскар. Во осумдесетите го снима култниот филм „Поштарот секогаш ѕвони два пати“, добива Оскар за филмот „Време за нежност“, а во 1997 го добива третиот Оскар за улогата на опсесивен невротик во „Подобро не може“.

Приватниот живот му е извонредно бурен. Има 5 деца со 4 жени, а во брак бил само 6 години, од 1962 до 1968 до актерката Сандра Најт. 13 години беше во бурна врска со Анџелика Хјустон. Но откако најдобрата другарка на неговата ќерка Џенифер, манекенката Ребека Брусард, остана бремена од Николсон, неговата врска со Анџелика Хјустон заврши.

Во една прилика Николсон изјави дека единствениот начин на кој се справува со стравот од смртта е  - да живее овде и сега. Уште рече и дека е задоволен со својот живот, и кога би имал уште една шанса - се би проживеал на истиот начин!

Среќен 80-ти роденден, Џек Николсон!








Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 20:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:32

коментари

остави коментар