Полицијата потврди дека седуммина од 40-тината навивачи се мртви, но медиумите јавуваат за повеќе од 20 жртви. Од болницата каде што се пренесени повредените јавуваат дека десетмина се во тешка состојба.

До несреќата дошло кога, поради лошото време, се скинале кабли од далекуводот кој бил директно над недовршената куќа, и паднале директно на несреќните луѓе.

По повод трагедијата, на социјалните мрежи се огласи и клубот Манчестер јунајтед.

- Нашите мисли се со навивачите на Манчестер јунајтед, нивните семејства и пријатели, кои беа погодени од синоќешната несреча во Нигерија - стои во пораката.


Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 16:29
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:16

коментари

остави коментар