Додека минатата година над 42.000 туристи ги посетиле културно историските знаменистости што се под ингеренција на Заводот и музеј Битола годинава бројките се пониски од ланските. Од музејот се надеваат дека сепак ќе ја достигнат ланската бројка, но засега посочуваат дека политичката криза во земјата има големо влијание и во туристичкиот сектор.

,,Минатата година 42. 563 туристи ги посетиле културно историските знаменитости што се под ингеренција на Заводот и музеј Битола. Целта ни е годинава да ја надминеме оваа бројка.,,- вели директорот на Завод Музеј Битола Зоран Алтипармаков, посочувајчи дека ова не е само одлика на нашето подрачје туку се работи за генерално состојби во земјата, но и регионот и пошироко.

Сепак Музејот ќе настојува и натаму најзначајните културни одлики на Битола да ги задржи високо на агендата на туристите, односно преку богата културна понуда да го привлече интересот на туристите за Битола.

,,Искористување на средства од ИПА фондовите  за реализација на проекти од областа на прекуграничната соработка се дел од начините. Во програмските активности  е ставен и проектот за Џепането за што се бара партнер за негова реализација.,,-вели тој.

Минатата година беше регистирано зголемување на бројот на туристи за 20%. Турците и Холанѓаните и натаму се најбројни посетители на Битола.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 15:15
Анета Шијакова
Обновено во: 15:26

коментари

остави коментар