Во текот на вчерашниот ден полицијата презела казнени мерки поради прекршоци кај двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, како и 15 возачи кои возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 59 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 78 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ и ПОУ „Кузман Јосифовски Питу“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода. /МИА

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 08:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар