Ги разлути Грците пред натпреварот, ги разлути и за време на натпреварот со постигнатите 2 гола.

„Се сеќавам, бидејќи бевме шампиони на Европа и имаше многу новинари на аеродромот, ни побараа по пристигнувањето да пополниме некои формулари на аеродромот и јас напишав дека сум од Македонија, бидејќи така се чувствував. Во Грција тоа го протолкуваа како провокација со резултат да се создадат пречки и да не можам да влезам во земјата. “ – раскажува Панчев.

Тој вели дека подоцна, проблемот се надминал и поради ставот на УЕФА да нема мешање на политиката во фудбалот, а целиот настан во комбинација со исполнетиот стадион биле дополнителен мотив за него.

„Фактот што имаше 80 илјади гледачи, кои ме свиркаа и се свртија против мене, имаше позитивен ефект. Тоа беше нешто што ми даде поголем мотив и постигнување на двата гола. “- објаснува македонскиот Кобра за грчкиот портал.

Поставувањето на Панчев на позицијата спортски директор на Вардар во комбинација со 25 годишнината од натпреварот во Атина, беа доволна причина, спортскиот портал да се потсети на настаните од 4 март 1992та.


Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 11:12
Сања Ристовска
Обновено во: 21:02

коментари

остави коментар