Груби вели со СДСМ досега не разговарале за поделба на министерските функции бидејќи за интегративците ова е помалку важно прашање од воведување на албанскиот како втор официјален јазик.

„Ги дадовме потписите само со услов да ги исполнат точките на заедничката Декларација и Законот за употреба на јазиците. За нас е важно да се одобри Законот за јазиците, да се исполнат точките од Платформата“, категоричен е Груби.

Платформата на албанските партии  вчера влезе и во Собранието. Пратеникот на ДУИ ја прочита нејзината содржина и тврдеше дека таа не е создадена во Тирана, туку во Брисел.

Надоврзувајќи се на содржината од платформата лидерот на Алијанса за Албанците прво ги обвини Македонците за геноцид врз Албанците во Македонија за подоцна да каже дека бил погрешно разбран.

Од ВМРО ДПМНЕ побараа СДСМ и албанските партии јавно да откријат што точно е прифатено од платформата и потоа да им дадат можност на граѓаните на избори да се изјаснат за неа. 

Датум на објава: четврток, 30 март 2017 во 17:34
Јулијана Николовска
Обновено во: 18:16

коментари

остави коментар