Се работи за Канаѓанката Меги Мекдонел, која што работи сопроблематични тинејџери во изолирана ескимска заедница на канадски Арктик..
Признанието, кое што вклучува и награда од милион долари и беше доделено во Дубаи.

Мекдонел е наградена поради нејзините иницијативи за борба против депресијата, тинејџерската бременост и високиот процент на злоупотреби на дроги во Салуит, село кое што е дом на најсеверната Инуитска заедница во Квебек, се наведува во образложението.

До Салуит може да се стаса само со авион, а температурите преку зимата паѓаат до минус 30 Целзиусови степени.



Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 09:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар